ВНИМАНИЕ!
Ризик од изгореници!
Проверете дали
температурата на водата
е многу висока и дали
алиштата се жешки. Ако е
потребно, почекајте да се
изладат.
ВНИМАНИЕ!
Ризик од повреда!
Проверете дали
барабанот врти. Ако е
потребно, почекајте
барабанот да престане
да се врти.
Проверете дали нивото
на вода во барабанот е
многу високо. Ако е
потребно, продолжете со
итно цедење (видете во
«Итно цедење' во
поглавјето» «Нега и
чистење»).
За да ја отворите вратата, постапете
на следниов начин:
1. Притиснете на копчето Вклучено/
Исклучено за да го исклучите
апаратот.
2. Извадете го приклучокот за струја
од штекерот.
3. Отворете го капакот на филтерот.
4. Повлечете го двапати чкрапалото
за итно отклучување надолу и
отворете ја вратата на апаратот.
5. Извадете ги алиштата, а потоа
затворете ја вратата на апаратот.
6. Затворете го капакот на филтерот.
17. ПОТРОШУВАЧКИ ВРЕДНОСТИ
Прикажаните вредности се добиени во лабараториски услови со
важечки стандарди. Податоците може да се променат од различни
причини: количината и типот на алишта и температурата на
околината. Притисокот на водата, напонот на струјата и
температурата на доводната вода исто така може да влијаат врз
времетраењето на програмата за перење.
Техничките спецификации може да се сменат без претходна најава
за да се подобри квалитетот на производот.
За време на програма за перење, технологијата ProSense може да
го промени времетраењето на перењето и потрошувачките
вредности. За повеќе детали, погледнете во ставот „Prosense
детекција на тежина“ во поглавјето „Секојдневна употреба“.
МАКЕДОНСКИ 49
Commentaires sur ces manuels