
Проблем Можно решение
Апаратот не се полни
правилно со вода.
• Проверете дали е отворена славината за вода.
• Проверете да не е многу низок притисокот во доводот
за вода. За овие информации, јавете се во локалното
претпријатие за водовод.
• Проверете дали е затната славината за вода.
• Проверете дали доводното црево е засукано, оштетено
или свиткано.
• Проверете дали е правилно поврзано цревото за довод
на вода.
• Проверете да не се затнати филтерот на доводното
црево и филтерот на вентилот. Погледнете во „Нега и
чистење“.
Апаратот се полни со
вода и веднаш ја
испушта
• Проверете дали одводното црево е во правилна
положба. Цревото може да е поставено многу ниско.
Видете во „Инструкции за монтажа“.
Апаратот не ја испушта
водата.
• Проверете дали е затнат одводниот сливник.
• Проверете да не е засукано или свиткано одводното
црево.
• Проверете да не е затнат одводниот филтер. Исчистете
го филтерот доколку е потребно. Погледнете во „Нега и
чистење“.
• Проверете дали одводното црево е правилно поврзано.
• Поставете ја програмата за цедење ако поставувате
програма без фаза на цедење.
• Поставете ја програмата за цедење ако поставувате
опција што завршува со вода во барабанот.
Фазата на центрифуга
не работи или циклусот
на перење трае
подолго од вообичаено.
• Поставете ја програмата за центрифугирање.
• Проверете да не е затнат одводниот филтер. Исчистете
го филтерот доколку е потребно. Погледнете во „Нега и
чистење“.
• Распоредете ги рачно алиштата во барабанот и
повторно пуштете ја фазата на центрифугирање. Овој
проблем може да е предизвикан од проблеми со
рамнотежата.
На подот има вода.
• Проверете дали спојките на цревата за вода се
стегнати и дали протекува вода.
• Погрижете се цревото за довод на вода и цревото за
одвод на вода да не е оштетено.
• Проверете дали користите соодветен детергент и
соодветна количина од него.
МАКЕДОНСКИ 37
Commentaires sur ces manuels