приклучок мора да биде помеѓу 0.5 bar (0.05 MPa)
и 8 bar (0.8 MPa).
• Отворите за вентилација во основата (ако ги има)
не смеат да бидат попречени од тепих, килим или
некаква покривка за под.
• Апаратот мора да биде поврзан со водоводната
мрежа со помош на новите доставени комплет
црева, или друг нов комплет црева доставени од
Овластениот сервисен центар.
• Старите комплети црева не смеат да се користат
пак.
• Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
• Пред одржувањето, исклучете го апаратот и
исклучете го кабелот од штекерот за струја.
• Не користете вода во спреј и/или пареа за чистење
на уредот.
• Чистете го апаратот со навлажнета крпа.
Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи, абразивни
сунгери за чистење, растворувачи или метални
предмети.
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
• Отстранете ја сета амбалажа и
транспортните завртки.
• Чувајте ги транспортните
штрафови на сигурно место. Ако
апаратот ќе се премести во иднина
тие мора да бидат заштрафени за
да се заклучи барабанот и да се
спречи внатрешно оштетување.
• Секогаш внимавјте кога го
пренесувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици и приложените обувки.
• Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
• Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
• Не монтирајте го и не користете го
апаратот на места каде што
температурата е пониска од 0°C
или каде што е изложен на
атмосферски влијанија.
• Подот каде што ќе биде поставен
апаратот мора да биде рамен,
стабилен, отпорен на топлина и
чист.
• Проверете дали има циркулација
на воздух меѓу апаратот и подот.
• Приспособете ги ногарките за да
има доволно простор меѓу апаратот
и килимот.
www.aeg.com32
Commentaires sur ces manuels