AEG KS8404021M Livre de recettes Page 10

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 28
  • Table des matières
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 9
вода и ставете го на рингла да зоврие. Потоа
тргнете го од ринглата и оставете го да се
излади.
Ставете маслиново масло во тавче да се
загрее. Излупете го кромидот и исечете го на
парченца, здробете ги излупените чешниња
лук и исечете го празот на тркалца и измијте
ги. Заедно ставете ги во врелото масло и
пропржете ги. Извадете го семето од
пиперките и исечете ги на ленти. Потоа
ставете ги во тавчето заедно со сечканите
домати.
Додадете бело вино и кор-бујон и оставете
малку да се вари на тивко. Зачинете со црн
пипер, сол, тимијан и оригано и оставете да
се вари на тивко уште 15 минути.
Земете го изладениот сушен бакалар од
лонецот и исушете го со кујнска хартија.
Отстранете ги кожата, коските и сите перки.
Расцепкајте го месото и, измешано со
зеленчукот, ставете го во огноотпорен сад.
Време во апаратот: 30 минути
Ниво: 1
Солена риба
Состојки:
една цела риба, околу 1,5 - 2 кг
2 лимона со чиста кора (без восок)
1 главица коморач
4 гранчиња свеж тимијан
3 кг кујнска сол
Метод:
Исчистете ја рибата и истријте ја со сокот од
двата лимона.
Исечете ја главицата коморач на тенки
парчиња и, заедно со гранчињата свеж
тимијан, наполнете ја рибата.
Ставете половина од кујнската сол во сад за
печење и врз неа ставете ја рибата. Другата
половина кујнска сол ставете ја врз рибата и
цврсто притиснете надолу.
Време во апаратот: 55 минути
Ниво: 1
Полнети лигњи
Состојки:
1 кг средно големи лигњи, исчистени
1 големa главицa кромид
2 супени лажици маслиново масло
90 г сварен ориз со долго зрно
4 супени лажици пињоли
4 супени лажици рибизли (суво грозје)
2 супени лажици сечкан магдонос
•сол, црн пипер
сок од еден лимон
4 супени лажици маслиново масло
150 мл вино
500 мл доматен сос
Метод:
Силно истријте ги лигњите со сол, а потоа
измијте ги под чешма.
Излупете го кромидот, ситно исечкајте го и
династајте го со две супени лажици
маслиново масло додека не стане проѕирен.
Во кромидот додајте ги оризот со долго зрно,
пињолите, рибизлите и сечканиот магдонос и
зачинете со сол, црн пипер и сок од лимон.
Наполнете ги лигњите со мешавината и
добро затворете го отворот.
Ставете четири супени лажици маслиново
масло во тава на рингла и исушете ги
лигњите. Додадете вино и сос од домати.
Покријте ја тавата со капак и ставете ја во
апаратот.
Време во апаратот: 60 минути
Ниво: 1
Риба на пареа
Состојки:
400 г компири
2 снопчиња млади кромитчиња
2 чешниња лук
1 мала конзерва сечкани домати (400 г)
4 филети од лосос
сок од еден лимон
сол и црн пипер
75 мл супа од зеленчук
50 мл бело вино
1 гранче свеж рузмарин
150 мл вино
1 / 2 китка свеж тимијан
Метод:
Измијте ги компирите, излупете ги, исечете ги
на четвртинки и вријте ги во солена вода 25
минути, потоа исцедете ги и исечете ги на
парчиња.
Измијте ги младите кромитчиња и ситно
исечкајте ги. Излупете ги чешнињата лук и
исечете ги на парчиња. Измешајте ги
кромидот и лукот со сечканите домати.
10
www.aeg.com
Vue de la page 9
1 2 ... 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 ... 27 28

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire