Траење на поставената програма
При поставување на програма, екранот го прикажува траењето во
часови и минути (на пример 2,05).
Траењето се пресметува автоматски врз база на максималното
полнење за секој вид на материјал.
Откако програмата ќе почне, преостанатото време се ажурира секоја
минута.
Поставено траење на сушењето
При поставување на програма за сушење, на екранот се прикажува
времето на сушење во минути и/или часови (видете во делот
«Програми за програмирано сушење»).
Откако програмата ќе стартува, апаратот го ажурира преостанатото
време секоја минута.
Шифри за тревоги
Во случај на проблеми при работењето, може да се прикажат
одредени шифри за тревога, на пример (видете во поглавје
« Решавање проблеми»).
Крај на програмата
Кога програмата ќе заврши, на екранот се прикажува нула што трепка
.
Светлото Door C, светлото Washing A (или Drying светлото B) и
светлото на копчето Почеток/Пауза се гаснат.
Вратата може да се отвори.
Неправилно одбирање на опција
Доколку поставите опција што не е компатибилна со програмата за
перење, на екранот се прикажува пораката Err неколку секунди.
Жолтата контролна сијалица на копчето Почеток/Пауза почнува да
трепка.
Одложување
При притискање на соодветното копче за поставување на
одложувањето (максимално 20 часа), тоа се појавува неколку секунди,
потоа на екранот се прикажува траењето на поставената програма.
Вредноста на времето на одложување се намалува за по една
единица секој час. Кога ќе остане само уште 1 час, времето се
намалува секоја минута.
Симбол за Одложен старт
Овој симбол се вклучува кога ќе го поставите времето на
одложување.
Безбедносна брава за деца
Овој симбол се вклучува кога ќе ја активирате функцијата за
безбедносна брава за деца.
МАКЕДОНСКИ 11
Commentaires sur ces manuels