AEG HK894400FG Manuel d'utilisateur Page 48

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 88
  • Table des matières
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 47
2.2 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Постои опасност од повреда,
изгореници или струен удар.
Отсранете ја целата амбалажа,
етикетите и заштината фолија (ако
е применливо) пред првата
употреба.
Овој апарат користете го само во
домашни услови.
Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат.
Не оставајте го апаратот без надзор
додека работи.
Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со
вода.
Не ставајте прибор за јадење или
капаци од тенџериња на ринглите.
Тие може да станат жешки.
Поставувајте ја ринглата на
„исклучено“ („off“) по секоја
употреба. Не потпирајте се на
детекторот за тенџериња.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор
за складирање.
Ако површината на апаратот е
испукана, веднаш исклучете го
апаратот од струјата. Ова ќе спречи
струен удар.
Корисниците со пејсмејкер мора да
се држат на растојание од минимум
30 cm од индуктивните рингли кога
апаратот работи.
Кога ставате храна во жешко масло,
може да прска.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар или
експлозија.
При загревање, маснотиите и
маслото можат да испуштаат
запаливи пареи. Држете го огнот
или загреаните предмети подалеку
од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
Пареата што ја испушта маслото
коешто е многу жешко може да
предизвика спонтано запалување.
Искористеното масло кое може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се
користи за прв пат.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до, или на
апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
Не чувајте жешки садови за
готвење на контролната табла.
Не оставајте ги садовите за готвење
да вријат на суво.
Внимавајте предметите или
садовите за готвење да не паднат
на апаратот. Може да се оштети
површината.
Не вклучувајте ги ринглите со
празни садови за готвење или без
садови за готвење.
Не ставајте алуминиумска фолија
на апаратот.
Садовите за готвење направени од
лиено железо, алуминиум или со
оштетено дно може да предизвика
гребнатини на стаклото или стакло-
керамиката. Овие предмети секогаш
кревајте ги кога треба да ги
преместувате на површината за
готвење.
2.3 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
Не користете вода во спреј или
пареа за чистење на уредот.
Исчистете го апаратот со
навлежнета мека крпа. Користете
само неутрални детергенти. Не
користете абразивни средства,
сунѓери со жица, растворувачи или
метални предмети.
48
www.aeg.com
Vue de la page 47
1 2 ... 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 ... 87 88

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire