• Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер
или со посебен систем за далечинско управување.
• Готвењето на плотна со маст или масло без
надзор може да биде опасно и да доведе до
пожар.
• Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете
го апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр.
со капак или специјално противпожарно ќебе.
• Не чувајте предмети на површините за готвење.
• Не користете чистач на пареа за чистење на
уредот.
• Металните предмети, како ножеви, виљушки,
лажици и капаци, не треба да се оставаат на
површината за готвење бидејќи може да станат
жешки.
2.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Овој апарат е погоден за следниве
пазари: AL
BG MK RO RS
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Апаратот мора да го монтира
само квалификувано лице.
• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
• Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
• Одржувајте минимална
оддалеченост од другите апарати и
делови.
• Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
• Зачепете ги засечените површини
со заптивач за да спречите влагата
да предизвика надигнување.
• Заштитете го дното на апаратот од
пареа и влага.
• Не го монтирајте апаратот во
близина на врата или под прозорец.
На овој начин ќе спречите некој
жежок сад за готвење да падне од
апаратот кога вратата или
прозорецот се отворени.
• Ако апаратот е монтиран над
фиоки, внимавајте просторот
помеѓу дното на апаратот и горната
фиока да е доволен за циркулација
на воздух.
• Дното на апаратот може да стане
жешко. Ви препорачуваме да
монтирате незапалива плоча за
одделување под апаратот за да
спречите пристап до дното.
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од пожар и струен удар.
• Сите поврзувања на струјата мора
да бидат направени од
квалификуван електричар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
МАКЕДОНСКИ 33
Commentaires sur ces manuels