AEG FSE72710P Manuel d'utilisateur Page 15

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 28
  • Table des matières
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 14
8. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
1. Проверете дали поставеното
ниво на омекнувачот на водата е
соодветно за тврдоста на
водата во вашата област. Ако
не, регулирајте го нивото на
омекнувачот за вода.
2. Наполнете го садот за сол.
3. Наполнете го дозерот за средство
за плакнење.
4. Отворете ја славината за вода.
5. Стартувајте програма за да ги
извадите сите преработени
остатоци кои можат да бидат во
внатрешноста на апаратот. Не
користете детергент и не полнете
ги корпите.
Кога е ја стартувате програмата, на
апаратот му требаат 5 минути за да ги
промени јоните во омекнувачот за
вода. Изгледа дека апаратот не
работи. Фазата на миење започнува
кога оваа процедура ќе заврши.
Процедурата се повторува од време
на време.
8.1 Сад за сол
ВНИМАНИЕ!
Користете необработена
сол направена специјално
за машини за миење на
садови. Обработената сол
го зголемува ризикот од
корозија.
Солта се користи за промена на јоните
во омекнувачот за вода за да се
осигураат добри резултати при
перењето во секојдневната употреба.
Како да го наполните садот
за сол
1. Свртете го капачето на садот за
сол налево и извадете го.
2. Ставете 1 литар вода во садот за
сол (само првиот пат).
3. Наполнете го садот со специјална
сол за машина за миење садови
(се додека не се наполни).
4. Внимателно протресете ја инката
со рачката за гранулите да влезат
внатре.
5. Отстранете ја солта околу отворот
на садот за сол.
6. Завртете го капачето од садот за
сол надесно за да го затворите
садот за сол.
ВНИМАНИЕ!
Вода и сол може да
излезат од садот за сол
кога го полните. Откако сте
го наполниле садот со сол,
веднаш започнете ја
најкратката програма за да
спречите корозија. Не
ставајте чинии во корпите.
МАКЕДОНСКИ 15
Vue de la page 14
1 2 ... 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 ... 27 28

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire